„Немаме ништо со тој чуден напад“, велат од Киев откако „Њујорк тајмс“ објави дека тие го гаѓале Кремљ

Михајло Подољак, висок советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина нема никаква врска со „невообичаениот и чуден“ напад со дрон врз Кремљ, минимизирајќи ги извештаите на американските медиуми.
Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека анализите на американските разузнавачки служби покажале дека нападот со дрон врз Кремљ овој месец најверојатно бил извршен од украинска разузнавачка единица или специјална единица. Москва и претходно и денеска го обвини Киев за нападот.
Подољак рече дека Русија настојува да ги намали испораките на оружје за Украина во обид да ги искористи стравовите од Западот од можна ескалација поради наводните украински напади на руска територија.
Разузнувачките служби на САД која точно единица го извела нападот и дали претседателот на Украина, Володимир Зеленски и некој од неговото највисоко опкружување биле свесни за операцијата. Дел од американските претставници смета дека Зеленски не бил запознат дека нападот ќе биде изведен.
Агенциите дошле до своите прелиминарни проценки од пресретнатите комуникации во кои руски официјални лица ја обвинуваат Украина, но и други комуникации во кои украински официјални лица изразуваат верба дека нивната земја е одговорна за нападот на 3 мај.