Немаме дозвола за прикажување филмови за возрасни – Слободен печат
СпортФудбал

Немаме дозвола за прикажување филмови за возрасни

Руската телевизија го понижи португалскиот тим Порто.

Екипата на Краснодар го направи најголемото изненадување во вчерашните квалификации за пласман во Лигата на шампионите со елиминицијата на португалскиот тим Порто. Иако во првиот натпревар кој се играше во Русија, Краснодар загуби со 0:1, во вчерашниот реванш натпревар славеше со 2:3, а пласманот во плејфот го најави уште во првото полувреме во кое имаше предност од дури 0:3.

По натпреварот, руската телевизија Меч ТВ на Твитер постави понижувачки коментар за португалскиот тим.
„Извинете, но немаме дозвола да прикажуваме филмови за возрасни. Краносдар го уништи Порто во првото полувреме и оздржа во второто“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close