Немаат пари за лекари и почнаа штрајк пред Мундобаскет

Фото: ФИБА

Според локалните медиуми, кошаркарите на Брегот на Слонова Коска стапија во штрајк бидејќи Федерацијата не им ги исплатила претходно ветените и договорени бонуси, додека лекарската нега мора да ја платат од свој џеб. Дури тројца кошаркари кои треба да бидат дел од репрезентацијата на Мундобаскетот во Кина се повредени но не можат да го платат лекувањето.

– Не добивме ниту еден бонус од почетокот на подготовките пред еден месец. Од Федерацијата ни ветија половина од премииите, но ние сè уште не сме добиле никакви пари. Си ги бараме своите премии но и сакаме да ни се исплатат средства и за подготовките и за настапот на Светското првенство – изјави капитенот на „слоновите“, Гај Ландри Еди.

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска е во група со Полска, Венецуела и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот