„Нема зима“ и во време на корона-криза: Млади кинески милијардери заработиле 223 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/WU HONG

Млади кинески милијардери оваа година стекнале над 223 милијарди долари, во време кога целиот свет се бори со најлошата економска криза во последните неколку децении, покажуваат најновите податоци на листата на кинеските богаташи „Харун Рич Лист”.

Во 2020 година, Кина има 60 милијардери помлади од 40 години. Оваа година е забележан значаен пораст на богатствата во време на пандемијата на ковид-19. Со тоа бројот на кинески милијардери е зголемен на 878, со вкупно богатство поголемо од четири билиони долари.

Кина во 2010 година имала 189 милијардери.

– Светот никогаш не видел толкаво богатство, кое е создадено во само една година. Кинеските претприемачи поминале многу подобро од очекуваното. И покарј пандемијата, успеале да достигнат рекордно ниво, изјави Руперт Хјуџверт, претседател на „Харун рипорт“.

На врвот на листата на млади милијардери се наоѓа 39-годишната Хуијан Јанг, која се смета за најбогата жена во Азија со богатство од 33,1 милијарда долари. Таа е мнозински акционер на Кантри Гардем, компанија за развој на недвижности, која ја основал нејзиниот татко во 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот