НЕМА ЖЕНСКА ВАРИЈАНТА: Ова машко име е популарно на Балканот, но има тажно значење

Во денешно време младите родители често се двоумат дали на своето новородено дете да му дадат модерно или традиционално име.

На балканските простори сè уште се негува традицијата новороденчето да добие име според постар член на семејството, најчесто баба или дедо или некој друг роднина.

Она на што родителите треба да обрнат внимание е значењето на името. Многумина веруваат дека секое име со себе го влече и значењето и го рефлектира врз карактерот на лицето кое го носи. За ова нема научна основа, туку најчесто се работи за коинциденција.

Името Ненад е многу популарно на Балканот, особено во Србија и Македонија, но и во Хрватска и Црна Гора. Се верува дека потекнува зборот „ненадејно“ и најчесто се дава на деца кои се зачнати непланирано, односно мајките ненадејно останале бремени. Постои и друго верување, дека е негација на зборот надеж, односно дека детето е зачнато кога родителите веќе изгубиле секаква надеж дека можат да имаат потомство. Се спомнуваат и податоци дека ова име е почесто кај парови кои подоцна станале родители.

Интересно за Ненад е и дека ова име нема женска верзија, ниту пак превод во друг јазик или адаптација, како што се на пример Јован и верзиите Иван, Џон, Џовани и т.н. кои имаат иста етимологија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот