Нема заразени НБА играчи во Орландо

фото: твитер

Убава вест за љубителите на НБА лигата доаѓаат од Орландо, а таа вели – од 346 тестирани играчи нитуеден не е позитивен на коронавирус.

Тоа е резултатот на последното масовно тестирање на играчи од 22 екипи кои се наоѓаат во кампусот во „Дизни ворлд“.

Овој податок претставува добар момент за сите оние кои работат на продолжување на НБА сезоната која е во прекин од 11 март, а рестартот е закажан за 30 јули.

Во следниот период ќе следува и серијата на пријателски натпревари, во првите контролни мечеви Лос Анџелес Клиперс ќе ги одмери силите против Орландо Меџик, а Денвер Нагетс ќе тестира со Вашингтон Визардс.

Потсетување дека последен позитивен случај на Ковид-19 беш забележан кај кошаркарот на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук кој моментно се наоѓа во двонеделна изолација, а според зборовите на неговиот тренер, Мајк Дантони, би требало наскоро да му се приклучи на тимот на Флорида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот