НЕМА ВЕЌЕ РАЗУБАВУВАЊЕ: Нова алатка открива дали сте користеле фотошоп на вашите фотографии

Фото: Profimedia

Секоја година „Адоуб“ им овозможува на своите инженери малку да се забавуваат со експериментални проекти кои ќе бидат прикажани на конференцијата на компанијата „Макс“. Тие експерименти – наречени „Сникс“ – често пати подоцна се интегрираат во производите на „Адоуб“.

Можеби најинтересна од сите нивни алатки е „About Face“, која е способна да детектира дали постојат манипулации со фотошоп на лицата на луѓето на фотографиите, пренесе српски „Блиц“.

Со помош на модерните алатки за фотошоп, многу е лесно да се измени нечија фотографија, за некој да се направи поатрактивен или за негово исмевање, а новата алатка на „Адоуб“ излгеда дека ќе биде „лек“ против оваа појава.

Принтскрин/Јутјуб

Едноставно се прикачува фотографијата во алатката и таа проценува дали со неа е манипулирано или не, покажувајќи виртуелна мапа на променетите делови.

Принтскрин/Јутјуб

Според пишувањата на порталот TNW, „About Face“ делува како да е дизајнирана да „фаќа“ промени направени со алтката „liquify“ на фотошоп, па со неа можете да забележите каде пикселите се растегнувани, стеснувани или додавани.

Покрај се поголемите загрижености околу лажните вести, фотографии и видеа кои се појавуваат на интернет, „About Face“ би можела да стане многу важна алатка која редовно ќе се употребува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот