Нема веќе ефтин алкохол за туристите на Балеарските Острови

Фото: Профимедиа

Балеарските Острови се една од најполуларните шпански туристички дестинации. Во 2018 година ги посетиле 13,8 милиони туристи.

Шпанските Балераски Острови забранија попустите на алкохолните пијалоци познати како „happy hours“, како и понудите кои вклучуваат неограничена консумација на алкохол. Забраните се воведуваат на некои од најпопуларните дестинации, за да се стави крај на таканаречениот „пијан туризам“, јавува „Јуроњуз“.

Властите на овие острови, меѓу кои спаѓаат Менорка и Мајорка, денес објави дека воведуваат забрана во траење од пет години во градовите Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

Освен што одлучиле да ги забранат пониските цени на пијалоците, властите на Балеарските Острови ги забранија и „забави на бродови“, како и турите со името „pub crawls“ во кои посетителите одат од бар до бар. Забрането е и скокање од балконите на хотелите.

Со тоа, во продавниците нема да смее да се продава алкохол по 21.30 часот. Баровите кои нема да се придржуваат до претходно споменатите забрани ќе може да добијат казни и до 60.000 евра, и ќе им биде забрането работењето до три години.

Балеарските Острови се една од најполуларните шпански туристички дестинации. Во 2018 година ги посетиле 13,8 милиони туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот