Нема ВАР- нема проблем, тука е мобилниот (ВИДЕО)

фото:принтскрин

ВАР технологијата е воведена во фудбалот за да им помогне на судиите во разрешување на спорните моменти за време на натпреварите и да ги корегираат сопствените грешки кои може директно да влијаат на резултатот. Иако во Индонезија не е воведена ВАР технологијата, играчите спорните моменти ги решаваат со мобилен телефон.

На дуелот меѓу Борнео и Маудра судијата покажа пенал за домашната екипа и тоа во 90. минута. Гостинските играчи протестираа дека немало пенал со што наптреварот беше во прекин цели осум минути. На крајот тие извадија мобилен телефон на кој ја имаше спорната ситуација и инсистираа судијата да види дека згрешил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот