НЕМА ТУРИРАЊЕ: Женева ги забранува бучните автомобили, воведуваат радар за бучава!

Фото: Профимедиа

Во Женева се подготвуваат да воведат казни за возачите со пребучни автомобили кои ќе ги „ловат“ радари за бучава.

Градското собрание на Женева има намера до средината на оваа година да прогласи задолжително ниво на бучава за автомобилите, камионите и мотоциклите.

Активистите ги повикуваат градските власти да ја ограничат бучавата на 80 децибели, што е отприлика ниво на гласност кој произведува машина за перење алишта.

Бучавата е друг најчест облик на загадување во тој швајцарски град, а градската советничка Дефин Клопфенштајн од партијата на Зелените смета дека радарскиот уред кој би регистрирал преголема бучава и потоа би го снимил возилото кое ја произведува не би требало да биде особено скап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот