Нема траги на насилство на телото на починатата поранешна полицајка во Охрид

Поранешна полициска инспекторка вчера попладне е пронајдена мртва во стан во Охрид. Безживотното тело е пронајдено во стан на улица „Сирма Војвода“. Станува збор за Марија Милошевска која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а била отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.

Засега причина за нејзината смрт не е позната. По наредба на истражен судија телото на Милошевска е предадено за обдукција.Беживотното тело го нашол член на семејството на починатата поранешна полицајка, а до доцна синоќа се вршеше увид во станот каде е најдена жената и се земале изјави од соседите.

Сега веќе починатата Милошевска неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици, по што следувало пријава во полициска станица.

Во изминатите 365 дена, полицијата ја истражувала смртта на 20 сограѓани, чијшто тела се пронајдени во стан (13), а седумина во куќа. Според полот, 15 биле мажи, а пет биле жени. Најмадиот починат имал 36, а најстариот има 77 години. Кај сите е констатирана ненасилна смрт. Според местото на случување, 17 тела биле пронајдени во Скопје, а по едно во Тетово, Охрид и Кичево.

Поранешна полицајка пронајдена мртва во стан во Охрид

Видео на денот