Дел Потро повторно мора на операција!

EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Дел Потро во првото коло на турнирот во Квинс го совлада Денис Шаповалов со 7:5 и 6:4, но во текот на дуелот го повреди коленото, па по завршувањето на мечот мораше брзо да оди во болница.

Лекарските прегледи утврдија дека Аргентинецот ја обнови повредата на десното коло и ќе ги послуша советите на докторот Анхел Котор за нова хируршка интервенција.

Операцијата според најавите треба да биде направена во наредните денови. Дефинитивно ќе го пропушти третиот Грен слем годинава „Вимблдон“ кој стартува на 1 јули.

Истата повреда „Делпо“ ја доживеа и минатата година на мастерсот во Шангај, Кина. Се врати во Делреј Бич, па се натпреваруваше во Мадрид, Рим и на „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот