НЕМА СПАС: „Снаодливите“ возачи повторно најдоа начин за влез на Кејот (ГАЛЕРИЈА)

Иако се чинеше дека градските власти некаде на средината на декември најдоа решение како да го стопираат паркирањето и движењето на возила на Кејот 13-ти Ноември, сепак „снаодливите“ возачи повторно најдоа начин како без дозвола да возат по плочникот.

Новата „разработена“ шема, која ја забележивме утрово, но и во текот на претходните денови, е таква што, оној кој нема специјално одобрение од Градот Скопје го паркира возилото отстрана и чека да дојде друг автомобил кој има пристап за влез на Кејот. Откако на возилото со дозвола ќе му се супшти електричниот столб, а со тоа му е овозможен влез на Кејот, паркираното возило веднаш тргнува и заедно поминуваат, така што столбот нема доволно време да се врати со цел да го стопира другиот автомобил.

Градските власти доколку сакаат конечно да го решат овој проблем ќе треба да пронајдат друго решение, затоа што досегашните обиди не беа толку успешни.

Првично од Град Скопје се обидоа да го забранат пристапот на автомобилите кои немаат одобрување, така што имаа поставено бетонска жардињера, но по само неколку часа таа беше скршена и отстранета, па со тоа се овозможуваше повторно влез на Кејот.

Потоа беше поставен знак во делот, каде „снаодливите“ возачи можеа да ја избегнат процедурата за влез на Кејот, а веќе истиот ден имало обиди да се отстрани од страна на несовесните граѓани. На крајот, градските власти одлучија да додадат метална шипка, која што беше заварена на споменатиот сообраќајен знак, но со новата „шема“ ни тоа решение не вроди со плод.

Инаку, во моментов пристап на Кејот 13-ти Ноември имаат возила кои имаат специјално одобрение од Градот Скопје, а важи за возилата на вработените во Телеком и за возилата кои носат дотур на роба до кафулињата кои се на самиот кеј.

[foogallery id=”178991″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот