‘‘НЕМА СНАШКА БЕЗ МААНИ, ИМА САМО ‘РЏАВИ К…. ‘‘

Ако колумната ја започнам со „кај си бе педераано“, има две опции. Едната да се генерализира и сите да се препознаат како педери (што не ми цел, не е во ред), а втората е да се премолчи и секој што си ја има мувата на капата да реагира со коментар на Фејсбук „што ти мене педер бе“. Тоа го поврзувам со една кинеска поговорка која вели дека ниту една поплава или цунами не се баш бескорисни, затоа што во секоја поплава скриените лајна испливуваат на површина. Па, кој се препознава… „ористе локумадееес“! Еклатантен пример на себе препознавање може да има и „офсајд замка“. На пример, зошто СУЕТНИОТ НОВИНАР не би бил Боки 13, ако се земе предвид дека има медиум, емисии, интервјуа, се што е врзано за новинарство, па макар и „жута, розева, каква сакаш штампа“… Нели!?

Е кој е тогаш „педерот“?! Зарем уште некој се препознава!? (а бе, све је могуче!)

Нејсе, живот тече даље, „свако чудо, три дана“, ама ова стана веќе „триста дана“, и крајно време е да има епилог. Време е да го подигнеме на повисоко ниво комуницирањето на проблемот со решението, а наместо кој е како сексуално ориентиран да видиме кој е криминалец, кој е преварант, кој дубарџија, а кој е (сепак у свој стил) „ј*баво‘ би се, ал да му не уџе“.

Кој е излезот од ситуацијава на средновековен „вашар на лудост“?

Премиерот на државата во поедини моменти се чини дека има многу поголем проблем од обично извинување, дека не мислел ништо лошо, употребувајки јазик кој не соодветствува со премиерската позиција. Тој е првиот што треба да повлече чекор во ситуација која е од клучно значење, а тоа е докажување дека системот фнкционира и дека сепак имаме сила да излеземе од црнаата дупка на неморалот, криминалот, корупцијата и „псевдо правдата“ олицетворена во сеуште не „ремонтирано“ судство. Паралелно, полиција која „дише“ ко гума на запрежна кола.

Ајде да го одврземе јазолот! „Ајмо цурице, ајмо дечаци, студенти, џаци, милицајци“ 

Ако речеме дека половина систем работи директно против премиерот, сметам дека и тоа е малку речено. Единаесет годишното владеење на претходната гарнитура по хоризонтала инсталира една огромна војска вклучена во администрцијата која има само една единствена цел, а тоа е да гледа да не си го изгуби работното место, но паралелно да работи на проектот „вратите ми го стариот шеф“, затоа што само тој ке му гарантира сигурен леб иако не знае ни да се потпише. А, сака у Европа! Тоа е најдолниот ешалон.

Во структуралната шема на ешалонот кој е на раководните места по институциите, има две струи. Една која сака ама не може да функционира затоа што „војската по канцеларии“ му саботира, крие податоци и се уште држи под контрола терен. Таа е заложник на партиското вработување од кое егзистира, а добар дел му припаѓа и на оној модел испрани мозоци „Македонија е продадена, ние ке ја спасиме“. Втората е е онаа која на најполтронски начин стигнала до некое раководно место, се сместила во фотеља, арно ама да простите „нема газ да се фати во костец“! Е, токму таа струја иако од владејачката гарнитура, му прави најголема штета на премиерот, затоа што во партиски кругови му се беси да се слика со него и да го велича, а дома кога ќе оди си вика „ете, догурав до директор“. И тука – завршува се! Па не можеш да не речеш „пизда ли ти материна, ти си АМЕБА“ а не директор! И ти на свој начин работиш против државата!

Кој е третиот ешалон? „A million dollar question”! Е, тука лежи зајакот!

Тоа е „високата калимера“ во државата. Кој направи пари?! Од која плата, кој стана „некој и нешто“, врз основа на што и кој стана „фактор“?! КАРАМБОЛ! Дали треба натпросечна интелигенција за да се примети дека државата стана најобично претпријатие кое го ставија на берза и со кое си играат како со тезга на која се продава патлиџан, а не чест, дигнитет, доследност, РЕАЛЕН патриотизам и доблест која е синоним за високите кругови… ЕЛИТА…!? Е, да! Олицетворена во БОКИ! … СУЕТНИОТ НОВИНАР… за тоа кој е педерот не ме интересира, јас сум си „СТРЕЈТ“ и со педери немам работа.

И тука ке застанам со „високата Калимера“, се до еден момент!

Попаметно е да речеш понекогаш „нисам одавде“ доколку немаш експлицитни докази. Се друго е СЕИРЏИСТВО и „БОШ НОВИНАРСТВО“. Испаѓа на крај дека најголемата „СВИЛЕНГУЗА“ е еден добар дел од медиумскиот свет! А за тоа кој е криминалец, ако самите не пресудиме, имајте предвид дека меѓународната заедница веќе ни се беси на врат и бара „конобар, дај рачун и фискална“!

А каде е снаата и кој се тие ‘рџави к*рци?… Пак ли ќе бидеме непристојни?

Не! Само ќе се водиме по некои народни поговорки, затоа што овој народ е ризница на мудрости кои понекогаш кажуваат со два збора повеќе од сите книги на Артур Шопенхауер. Една српска вели „нема снаје без маана“, друга вели (е сеа, С‘ОПРОШТЕЊЕ) „рџавом к*рцу и длаке сметају. Кога ќе ги споиме овие две, ке дојдеме до следниот заклучок кој вели:

СИТЕ МУ ЗАБЕЛЕЖУВААТ НА ПРЕМИЕРОТ ДЕКА ИМА КРИВИ НОГИ, А НИКОЈ СЕБЕ СИ НЕ СЕ ГЛЕДА ВО ОГЛЕДАЛО ДЕКА ИМА „КРЕЗАВИ ЗУБИ“!… „similis simili gaudet!“

До кога ке се бавиме со критики и со барање причини да се „гаѓа“ премиерот со камења, подзаборавајќи го она што реално треба да се пофали и афирмира. Далеку од тоа дека не Зоран Заев, туку било кој премиер на овој свет е идеален. Арно ама, нихилизацијата на се она што е позитивно до сега направено е погубно токму и за истите тие што фрлаат камења, затоа што кога еден ден „некој одозгора“ ќе рече „не сте вие за држава“, ќе се драпаат кај што не ги чеша. Виновен ќе биде кој друг ако не ПРЕМИЕРОТ!

Кој? Оној што фати „џаде у Маџарска“ и гледа „Маџарици тудом тудом“ по барови? НЕ!

Ќе биде виновен Зоран Заев! А знаете зошто? Затоа што не доведе до НАТО, затоа што ја спаси државата со Преспанскиот Договор. Затоа што е на чекор до портата Европа, затоа што се бори сам против змејот наречен „простачки менталитет“, полуписменост и полусвет во некаква вукојебина.

А БЕ,.. КЕ ИМА ЛИ МАКЕДОНИЈА АКЦИЈА „САБЈА“… ИМА ЛИ МУДА ЗА ТОА?

Нисам одавде, не знам“… Знам само дека за тие пари премногу прашувате…

„WINK, WINK, SMILEY!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот