Нема седници во живо на Советот на Карпош, не им била доставена соодветна опрема

Карпошани сѐ уште ја чекаат можноста да ги следат седниците на општинскиот Совет во живо, како што е случајот со граѓаните од повеќето други скопски општини.

Постапката за набавка на соодветна опрема беше спроведена пред неколку месеци, но досега таа не профункционира и никој од граѓаните не знае што се случува и одлучува на седниците за прашања кои се битни за жителите на општината.

Од Карпош велат дека проблемот е во тоа што избраната фирма не доставила опрема спроред спецификациите од јавниот оглас.

  • По објавениот оглас за избор на фирма за набавка на опрема за пренесување на седници на Советот на општина Карпош во живо, беше избран најповолен понудувач. Понудувачот ја достави опремата, но по извршеното примопредавање беше утврдено дека дел од доставената опрема не е согласно спецификацијата од огласот, поради што беше вратена и побарана од истиот да достави опрема согласно спецификите наведени во огласот. Очекуваме од понудувачот да достави опрема согласно наведената спецификација по што ќе биде проверена и инсталирана опремата за употреба – велат од Општина Карпош за „Слободен печат“.

Оттаму не прецизираат кога би можеле да започнат преносите во живо на седниците на Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот