Нема решение за цените на бензинот во Велика Британија

Тепачка на бензинска во Англија/ Фото Youtube Screenshot The Sun

Британската влада и индустријата се уште се обидуваат да ја решат енергетската криза, за која беше издадено предупредување дека може да го затвори производството за неколку дена, изјави во денеска министерот за бизнис, енергија и индустриска стратегија Кваси Квартанг.

Во врска со наглиот пораст на светските цени на енергијата предизвикан од страв од високи сметки во зима, Квартунг за Скај њуз изјави дека се уште нема план за тешката индустрија, но додаде дека е „многу уверен” во одржливоста на снабдувањето со енергија во Велика Британија.

– Се уште не можам да ветам ништо, рече Квартунг. – Не можам да дојдам во вашата програма и да кажам дека ќе имаме плафон, бидејќи се обидуваме да утврдиме каква ќе биде природата на таа поддршка, објасни тој.

Менаџерите на компании од тешка индустрија како керамика, хартија и челик побараа намалување на цените, но разговорите со владата во петокот не вродија со плод.

Видео на денот