„Нема пулс, бледа е“: Руски јутјубер ја оставил бремената девојка да стои полугола на студ, по што починала

Руски јутјубер е уапсен откако снимил и пренесувал во живо како неговата бремена девојка умира од студ.

Стас Решетников, на својот јутјуб канал Рифлај, наводно ја принудил Валентина Григорјева да излезе на балконот облечена само во долна облека, додека температурата надвор била под нулата.

Негов следбеник му платил на Стас (30) илјада долари за да ја сними неговата девојка како се смрзнува. Валентина (28), која била во рана бременост, починала од хипотермија во својата изнајмена куќа во селото Ивановка близу Москва, пренесува Индекс.хр.

Стас ја снимал својата девојка и ја пренесувал во живо на Јутјуб дури и кога сфатил дека таа е „полу мртва“. Потоа се гледа како ја враќа внатре и се обидува да ја врати во живот.

Потоа тој им се обратил на своите следачи: “Нема пулс … Бледа е. Не дише”.

Тој продолжил да го емитува целиот настан на Јутјуб дури и откако повикал брза помош и кога пристигнале болничарите и ја прогласиле за мртва.

Стас заработувал преку Интернет. „Донациите“ му биле плаќани од неговите следбеници. Пред овој пренос, Валентина ја испрскал со солзавец.

Доколку форензичарите докажат дека неговата девојка починала од хипотермија, му се заканува казна затвор од две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот