Нема промени со рестрикциите: Полицискиот час останува на сила од полноќ до 4 часот наутро

Нема да има промена односно укинување на полицискиот час, кој моментално важи на територијата на целата држава од полноќ до 4 часот наутро. Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок одлучила полицискиот час да продолжи, а исто така да нема промени ниту во начинот на кој е дозволено да функционираат угостителските објекти во земјава, потврдуваат официјално за Слободен печат од Министерството за здравство.
На угостителските објекти им е дозволено да работат до 23 часот и 30 минути и тоа само на отворените летни тераси. Од Министерството не потенцираа до кога ќе бидат на сила овие рестрикции, меѓутоа тие ќе траат барем до следниот состанок на Комисијата за заразни болести.
Видео на денот