-1 C
Скопје

Нема приоритети кај Клоп : Сакаме да освоиме се

Менаџерот на Ливерпул вели дека во неговиот тим не постои листа на приоритети кога станува збор за трофеите.

Ливерпул вечерва ќе игра против Арсенал во осминафиналето од Лига купот. Ова ќе биде втор меѓусебен дуел за Ливепрул и Арсенал во пет дена откако во понеделникот играа во Премиер лигата и славеа „црвените“ со 3:1.

Менаџерот на Ливепул, Јирген Клоп нема намера да го жртвува Лига купот на сметка на ЛШ, ФА купот и Премиер лигата, и ќе атакува на трофејот.

Имам повеќе од 20 фудбалери на располагање за секој натпревар кои според мене сите заслужуваат да играат. Но, на теренот смеат да бидат само 11 играчи, најверојатно ќе направиме некои измени но не сакам да зборувам дека некои натпревари ни е се поважни од други. Игравме во понеделник, денеска не очекува нов натпревар и повторно во недела. Имам среќа што имаме квалитетни фудбалеи и можам да го комбинирам тимот кој ќе настапи вечерва. Но, мразам тоа што измените во тимот се гледаат како давање приоритет на другите натпреварувања. Верувајте, сакаме да победиме во секое натпреварување во кои играме – изјави Клоп.

Прочитајте и...  Ѓоковиќ се приближува до рекордот на Федерер!

Поврзани вести

Лидс и Алиоски го дознаа ривалот во ФА купот

Слободен печат

Момент за историја: Фрапар ќе биде првата жена која ќе суди меч во ЛШ!

Слободен печат

Хрватите и Босанците ја остварија целта, Србија со важна победа кон ЕП

Слободен печат

Во Талин останаа четворица македонски кошаркари позитивни на ковид-19!

Слободен печат

Воглавно желбите се Кил, ПСЖ, Барса, но овој Данец сака да игра за Вардар!?

Слободен печат

Малерозниот Азар: Платен 115 милиони евра, а паузираше над 270 дена!

Слободен печат

Остави Коментар