Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил

фото: принтскрин/ Flightradar24

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Претходно денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло се урна патнички авион со 62 лица.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.

Авионот од моделот АТР-72 имаше капацитет да превезува 68 луѓе.

Се урна во станбена зона во градот Винедо.

Никој на теренот не е повреден. Оштетена е само една зграда.

Авионот, кој бил во сопственост на бразилската авиокомпанија „VoePass“, бил на домашен лет меѓу градовите Каскавел, во јужната држава Парана, и Гуаруљос, во државата Сао Паоло. Во авионот имало 62 лица – 58 патници и четиричлен екипаж.

На местото на несреќата веќе се екипи на противпожарната и итната медицинска помош.

Патнички авион со 62 лица се урна во предградие на Сао Паолo – погоди неколку куќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот