Нема повеќе анонимност на интернет: Оваа држава воведува забрана

Анонимноста на итнернет може да доведе до фатални исходи, поради тоа потребно е да се преземе нешто во врска со тоа.

Онлајн коментарите, и покрај тоа што се само зборови, можат да бидат многу злонамерни и штетни, па неретко поради нив многу славни личности одлучуваат да ги напуштат социјалните мрежи.

Не е јасно дали таквите злонамерни коментари некогаш ќе исчезнат, но во Австрија постои иницијатива да се направи нешто во врска со тоа.

Владата направила нацрт закон, со кој ќе се направи анонимното оставање на коментари на веб страници и социјални мрежи да биде незаконско.

Со овој закон корисниците ќе бидат принудени да се регистрираат под своите вистински имиња и адреси при оставање на коментари на интернет.

Ова се очекува да донесе многу поголема одговорност за тоа што корисниците ќе пишуваат на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот