Нема потреба од паника со најави за големи поскапувања, вели владиниот портпарол Арсовски

Душко Арсовски/ Фото: МИА

Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето по примерот на српската влада, која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена.

„Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик. Државата ги следи состојбите во сите сектори во економијата, вклучително и во преработувачката и прехранбената индустрија“, рече Арсовски, додавајќи дека Владата е во постојан отворен дијалог со сите засегнати страни во стопанството.

„Една таква комуникација се одвива преку Платформата за социјално-економски дијалог која ги опфаќа социјалните партнери и четирите најголеми комори, преку која се одржуваат редовни состаноци и тој не е прекинат“, рече Арсовски на редовната прес-конференција на која беа соопштени владините одлуки од вчерашната и денешната седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот