Нема посериозни оштетувања, ниту повредени од земјотресот во Карипското Море

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на 140 километри од Јамајка и исто толку од Куба.

Силен земјотрес со јачина од 7,7, степени според Рихеровата скала што синоќа беше регистриран во Карипско Море, меѓу Јамајка и Куба, се почуствувал во поширокото подрачје од Мексико до Флорида, но не предизвикал поголеми  оштетувања, ни жртви.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на 140 километри од Јамајка и исто толку од Куба.

Првиочно беше издадено предупредување за опасност од цунами за Куба, Јамајка , како и за Кајманските острови, Белизе, Хондурас и Мексико, но опасноста во меѓувреме минала.

Директорт на кубанскиот Сеизмолошки завод Енрике Аранго Аријес кажал дека на Куба немало посериозни оштетувања, ниту повредени.

По првиот земјотрес следеле серија помали потреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот