Нема пасош во БиХ за тие што не плаќаат алиментација

Во БиХ денес во собраниска процедура се наоѓа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на БиХ, со кој се предвидува дека лицата кои не платиле алиментација не може да добијат пасош на БиХ и дека на такви лица може да им се одземе веќе издадениот пасош.

Со предложените измени и дополнувања на Законот значително се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца, бидејќи издавање пасоши нема да биде можно ако сите тие обврски не се исполнети, а во такви ситуации ќе биде задолжително и одземање на веќе издаден пасош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот