Нема пари, нема песна: Северина на Горан Бреговиќ му должи 30.000 евра

Хрватска пејачка Северина не може да издаде нов албум, а причината наводно е долг кон познатиот музичар и текстописец, Горан Бреговиќ.

Пејачката веќе две години најавуваше издавање на нов албум, но тоа никогаш не се случи. Иако е во пријателски односи со композиторот, тој не и дозволува да ја објави песната чиј автор е тој, додека Северина не му исплати 30.000 евра, дознава Курир.рс.

Според српските медиуми, Бреговиќ минатото лето и испратил порака на Северина и прашал кога ќе му биде платено за песната. Наводно, Северина одговорила дека моментално нема пари за песната, на што Брега и рекол дека песната ќе почека додека не ги добие парите.

Имено, како што пишуваат медиумите, Северина и Горан имале сличен проблем пред 15 години, кога ги напишал речиси сите песни за нејзиниот албум „Здраво Маријо“.
Потсетуваме, Бреговиќ беше продуцент и мнозински автор на албумот на Северина „Здраво Маријо“ од 2008 година. На него беа објавени десет песни, а поголемиот до денес се големи хитови и омилени на балканската публика.
„Таа не ја нападна својата сестра, а Милан ја малтретира со години“: Се огласи мајката на Северина