Нема оттуѓување: МО не отстапува од реконструкција на поранешната караула на Попова Шапка

Фото: mia.mk

Објектот на Попова Шапка во сопственост на Министерството за одбрана (МО) што веќе неколку години е во, речиси, руинирана состојба ќе остане во сопственост на оваа владина институција, а предвидена е негова целосна реконструкција за да може да се користи во иднина. Процесот на реконструкција е почнат пред 10 години, но беше прекинат поради што објектот е надвор од употреба.

– За овој објект во 2010 година беше потпишан договор и почнати се активности за реконструкција, но договорот не е целосно реализиран целосно, па затоа и објектот останал надвор од употреба. Долгорочно се предвидува инвестициско вложување со кое ќе се заокружи почнатата реконструкција на објектот и ќе се стави во функција на Министерството и на Армијата на Република Северна Македонијаинформираат од МО.

Од МО информираат дека објектот на Попова Шапка е дел од објектите со кои располагаат и дека не е предвиден за дивестирање (оттуѓување).

Напоменуваме дека приоритет за Министерството за одбрана во последниот период беа вложувања во унапредување на условите за работа во касарните на Армијата, додека реконструкцијата на објектите, како оваа поранешна караула на Попова Шапка се планира за следната фаза, информираат од Министерството за одбрана.

Во 2011 година, Министерството за одбрана најави дека е планирана инвестиција од повеќе од еден милион евра за реконструкција на објектот на Попова Шапка кој треба да прерасне во центар за армиска обука во зимски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот