Нема опасност за излевање на реката Брегалница во штипскиот регион

инстаграм

 Рекорден број на врнежи од дожд, за изминатите 30 години има во штипскиот регион, во изминатите 11 дена. Киро Маџунаров, кој врши мерења на врнежите од дожд, но и на нивото на реката Брегалница, за УХМР вели дека само за 24 часа, во регионот на Штип наврнале 20 литри на метар квадратен.

– Вкупни мерења за месец јануари, од 1-ви до 11-ти, има наврнато 90 литри на метар квадратен. Споредбено со претходниот јануари, кога наврнаа само 8,5 литри на метар квадратен е неспоредливо. Инаку, просек за јануари за овие 25 до 30 години, имам мерено 36 литри на метар квадратен. Значи, тоа е за два и пол пати повеќе и во однос на просекот, вели Маџунаров.

Што се однесува за водостојот на реката Брегалница, која поминува низ градот Штип, е 172 санитимери и не е алрмантна состојбата, а дали ќе има излевање на реката Брегалница ќе зависи од нејзните притоки во целиот источен регион.

– Според моите досегашни мерења, критичната точка за излевање на реката Брегалница е над два ипол метри, но за Штип и штипскиот регион не е толку опасно, затоа што Брегалница надолу оди кон Вардар и надолу нема населени места и земјиште кои што би се загрозиле. По критично е, можам да кажам, за Кочани и кочанско поле, вели Маџунаров.

Според него, во штипскиот регион за сега нема опасност од поплави, а состојбата со врнежите и водостојот на реката Брегалница продолжува да ги следи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот