НЕМА ОПАСНОСТ: Сè е завршено, вели директорот на „Екоцентар 97“

Фото: Фејсбук

Директорот на фирмата која го врши препакувањето на истискиот хемиски отпад, Владо Момировски во изјава за ТВ „24“ рече дека отпадот кој денеска истече во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени.

Фото: Фејсбук

-Не е опасно, нема повредени. Заврши се, сè е собрано во буриња, специјални буриња, спремни за извоз. Вентилот е поправен, еве моите вработени веќе се повлекоа, сè е завршено. Истече вода со која се перела цистерна, во која имало мали делови од хемикалијата, значи не самата хемикалија. А водата не може да истече надвор, туку во заштитниот бетонски базен- рече Момировски за ТВ „24“,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот