НЕМА ОПАСНОСТ ОД ЦУНАМИ: Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Чиле

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени денес го погоди брегот на Чиле, соопшти американскиот Геолошки центар, а пренесе „Блиц.рс“.

– Цунами не се очекува – наведе пацифичкиот центар за предупредување од цунами.

Епицентарот на земјотресот беше 134 километри западно од градот Талка кој е на 225 километри од главниот град Сантијаго, на длабочина од околу 10 километри.

Чиле има долга историја со опасни и смртоносни земјотреси, вклучувајќи го и оној од 2010 година со јачина од 8,8 степени, кој предизвика цунами и ги опустоши јужните крајбрежни градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот