Нема одложување, новиот Џејмс Бонд стигнува кон крајот на септември

фото: Инстаграм

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, „Нема време за умирање“, ќе биде кон крајот на септември и покрај гласините дека поради пандемијата ќе биде одложена по четврти пат.

Филмските студија „Универзал“ и „МГМ“ објавија  на службениот твитер-профил од Џејмс Бонд дека свечената премиера ќе биде во Лондон на 28 септември, два дена пред планираната кино-премиера. Во САД во дистрибуција  ќе биде на 8 октомври.

Премиерата на филмот требаше да биде во април минатата година, но оттогаш трипати е одложена поради затворањето на кино-салите поради  ковид-пандемијата и наметнатите протоколи.

Филмскиот серијал за Џејмс Бонд е меѓу најисплатливите франшизи во Холивуд. Снимањето на најновото продолжение чинеше околу 200 милиони долари, а ова е последниот филм во кој Даниел Крејг го толкува агентот 007.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот