Нема новозаразени со коронавирус во Кичево

Фото: МИА

Денеска нема нови лица заразени со коронавирусот во Кичево. Според податоците на Министерството за здравство, денеска не се забележани ниту оздравени пациенти, Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина останува на 178 лица, од кои 108 се активни, 61 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас по подолг период не се забележани за среќа новозаболени лица, нема ни оздравени лица од коронавирусот, информира Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот