Нема новозаболени пациенти од хепатит Ц во Штип

Нема новозаболени од хепатит Ц. Бројката од шесттмина поранешни пациенти на штипска ортопедија останува непроменета. Раководството на штипската Клиничка болница за случајот го има известено Државниот здравствем и санитарен инспекторат (ДЗСИ). Но, ниту контролите на инспекторите на Државниот здравствен санитарен инспекторат не го открија изворот на заразата и како шесте поранешни пациенти на штипска ортопедија се заразиле со хепатит Ц.

– Преземени се сите потребни противепидемиски мерки: проверка на исправност на стерилизатори, асептични постапки при третманот на пациентите, санитарно-хигиенска состојба на објектот, предоперативен скрининг на пациентите итн. При надзорот не се утврди потреба за иницирање на дополнителен стручен надзор, се вели во соопштението од ДЗСИ.

Од Центарот за јавно здравје Штип информираат дека заболените пациенти се пријавени во периодот од 9 јули до 15 август,  а тие се и единствените пациенти со овој вирус во текот на годинава во Источниот регион. Се уште останува нејасно дали некој од пациентите и претходно бил носител на вирусот. Пациентите се повозрасни граѓани, од различни градови на истокот. Заеднички им е што претходно биле пациенти на ортопедија, едни оперирани, а дел и неопрерирани. Откако е откриена заразата од инфективното одделение, болницата од 1 септември ги смени и протоколите за предопративни зафати. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот