Нема нови згрижени пациенти во болницата во Прокуље, се чека автобус кој ќе ги превезе кон домовите

По последните информации добиени од болницата во Прокупље, откако автобус со македонски патници се преврте во Србија, сите пациенти кои биле примени биле со полесни повреди, претежно контузии и се пуштени на домашно лекување, информираат од МНР.

Во моментот се очекува да пристигне и автобус кој ќе ги превезе кон дома. Повеќе нема згрижени пациенти ниту во болницата во Прокупље.

-Потешко повредената пациентка која е хоспитализирана во Ниш ќе биде задржана на понатамошно лекување. Официјалните резултати за причините за несреќата сѐ уште не се доставени до нашата амбасада во Белград- наведуваат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот