Нема нелегална градба, се тампонира патот поткопан од брановите

Камионите што насипуваа земја и камења под патот на потегот од струшкиот автокамп Лагадин до населбата Елен Камен работеа на заштита на асфалтираниот пат, информираат од Општина Струга во врска со обвинувањата на невладината „Охрид СОС“ дека станува збор за уште еден случај на уништување на крајбрежниот појас на езерото.

– Се работи за 4-5 камиони со земја, со кои бил донесен материјал за да се обезбеди патот што постојано се поткопува од езерските бранови на тој потег, а не за нелегално градење – појаснува Мирко Коркутоски, раководител на Инспекцискиот надзор и инспектор за животна средина на Општина Струга.

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ минатата недела ја алармираше јавноста дека нелегални градежни активности се спроведуваат на самиот брег на Охридското Езеро, во струшкиот дел од крајбрежјето. Според „Охрид СОС“, градежна механизација со камиони депонирала големи количества материјал и шут на потегот од брегот меѓу кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен.

Прочитајте и...  За увоз на струја потрошени над 3,3 милиони евра

Екологистите тврдат дека локалното население во текот на целиот јули било без водоснабдување поради дефект со пукната цевка, на која не можело да се интервенира затоа што била затрупана и тешко достапна од огромната количина фрлена земја и шут. Тие реагирале до Инспекторатот за животна средина во Струга и до локалниот водовод, но не добиле никаков одговор. Затоа ги обвинија министерот за животна средина Насер Нуредини, пратениците од Струга, како и институциите, за негрижа за јавниот интерес.

Според Коркутоски, зафатот за кој станува збор е под патот, во непосредна близина на езерскиот брег, кој не бил во литоралниот појас и е со одобрение на Општината. Тој вели дека интервенцијата била неопходна за да се заштити патот.

Прочитајте и...  Костовски: Не може да се сокрие трагата на парите, говориме за криминал од 110 -120 милиони евра

На 1 октомври завршија мораториумите за градежни активности, кои општините Охрид и Струга ги усвоија како дел од мерките за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро, објавени по посетата на Реактивната мисија на оваа светска организација за утврдување на статусот на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian