-4 C
Скопје

Нема негативни ефекти од кинеската вакцина против Ковид-19, ја примиле околу милион луѓе

Скоро милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина изработена од кинеската фармацевтска компанија „Синофарм“ како дел од програмата за итни случаи одобрена од кинеската влада и досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на оваа вакцина, соопшти управата на компанијата.

Првиот човек на „Синофарм“, Лиху Џинџен, потврди дека се вакцинирани скоро милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави CNN.

Тој изјави дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56 000 луѓе, кои потоа патувале во странство.

Лиу исто така потврди дека „Синофарм“ ја спроведе третата фаза на клинички испитувања во која учествуваа скоро 60.000 луѓе од 10 земји, вклучувајќи ги Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да се препише поразот на Заев

Бидејќи „Синофарм“ има две различни вакцини, не е јасно за која вакцина зборуваше Лиа.

Уште во август, кинеската влада даде специјално одобрение на компанијата „КанСино“ да ја администрира својата експериментална вакцина на припадниците на Народноослободителната армија на Кина.

Поврзани вести

Убил рецепционер заради Гучи ранец, го чека доживотен затвор

И.И.

ВИДЕО+ФОТО: Напаѓачот кој усмрти пет лица во Германија бил пијан и се лекувал од ментална болест

Слободен печат

Д-р Стевановиќ: Превентивното земање на антибиотици дефинитивно не е оправдано

Слободен печат

ВИДЕО | Бајден се обрати на милиони Американци: Помошта пристигнува

Слободен печат

Вашингтон пост: Трамп стана параноичен, колабира системот зад вратите на Белата куќа

И.И.

Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда

Слободен печат

Остави Коментар