НЕМА НАЗАД ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Данска дозволи одземање на државјанството на поранешните борци на Исламска држава

Данскиот парламент одобри закон со кој луѓето со двојно државјанство кои се бореле за терористичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак да им биде одземено данско државјанство, објави „Дојче веле“.

Пратениците по брза постапка ја донесоа оваа одлука поради зголемената загрженост дека борците на ИД кои се во затворите надгледувани од Курдите би можеле да избегаат поради турската офанзива во Сирија.

– Постои зголемен ризик дека затворите во кои престојуваат борците кои се конторлирани од Курдите целосно да колабираат, и странските борци со данско државјанство да побараат да се вратат во нашата земја – изјави премиерот на Данска, Мете Фредериксен. Тој додаде дека ова се луѓе кои го „свртеле грбот“ на Данска и со насилство се бореле против демократијата и слободата, како и дека претставуваат закана за безбедноста.

Законот дозволува министерот за имигранција и интеграција да го повлече данското државјанство на оние борци на ИД кои имаат двојно државјанство без судење. Индивидуалците на кои ќе им биде одземено државјанството ќе имаат четири недели да ја обжалат одлуката.

Мнозинство од партиите во парламентот ја поддржаа оваа одлука, откако беше изгласан и еден амандман кој значи дека таа истекува во јули 2021 година доколку парламентот не одлучи нешто друго.

Нестабилност во Сирија

Околу една петтина од 10.000 борци на ИД кои беа заробени од сириските Курдски сили на североистокот на Сирија е Европејци.

Данските власти проценуваат дека најмалку 158 лица од Данска отпатувале во Ирак и Сирија за да ѝ се прикучат на ИД од 2012 година. Според нивните оценки, 27 лица сѐ уште се наоѓаат во зоната на конфликт, додека 12 се во затворите. Не е јасно колку од нив имаат двојно данско државјанство.

Други европски земји рекоа дека имаат намера да го одземат двојното државјанство на поранешните борци на ИД, и покрај тоа што САД се обидува да направи притисок за примање назад на борците кои се прикучиле на џихадистите.

Европските земји беа претпазливи во одлуките за враќањето на нивните граѓани кои се бореле и учествувале во калифатот на ИД во Сирија и Ирак, стравувајќи од политички несогласувања, компликации при собирање на докази во обидите за изрекување на пресуди и ризикот од естремистички напади во нивните земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот