Нема настава за македонските ученици што патувале во земјите од висок ризик за „коронавирус”

Во меѓувреме во училиштата универзитетите, јавните научни установи и сите други образовни институции ќе се подига хигиената на највисоко ниво во сите простории каде има честа фреквенција на луѓе.

Министерството за образование доставило детални насоки до сите основни и средни училишта, универзитети и научни установи во земјава, како да постапуваат за да ги заштитат учениците и студентите од ,,коронавирусот”.

Најрано што можат, по телефон или по електронски пат, училиштата ќе обезбедуваат информации од своите ученици дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, или во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Кореа, Сингапур или Тајван.

Оние што ќе одговорат потврдно, потребно е да не доаѓаат на работа односно да не посетуваат настава додека не добијат соодветни инструкции-велат од МОН.

Во меѓувреме во училиштата универзитетите, јавните научни установи и сите други образовни институции ќе се подига хигиената на највисоко ниво во сите простории каде има честа фреквенција на луѓе.

Освен ова, образовните институции по налог од владата треба да ги одложат планираните патувања и екскурзии на ученици во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот