Нема настап сезонава, Озил на позајмица во Италија!?

twitter/Arsenal

Членот на Арсенал, Месут Озил (32) наводно бил понуден на италијанскиот шампион предводен од тренерот Андреа Пирло.

„Отпишаниот“ играч на лондонскиот клуб не игра веќе со месеци. Не е во плановите на менаџерот Микел Артета оваа сезона, нема ниту еден настап во Премиер лигата, а агентите моментно бараат решенија за неговата иднина.

Според „Тутоспорт“ 32-годишниот играч за врска би можел да се пресели во Јувентус. Преговорите, наводно, се веќе во тек, а „Старата дама“ не сака да потроши премногу пари.

Договорот на Германецот истекува на 30 јуни 2021 година и според „Трансфермаркт“ вреди само пет милиони евра, а пред две и пол години вредеше 50 милиони евра.

Постои можност Арсенал да го позајми германскиот фудбалер на Јуве до крајот на сезоната, како и да плати половина од платата и на крајот од сезоната да одлучи дали ќе му понуди договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот