21.8 C
Скопје

Нема наследник на Јанева без нов закон за СЈО

Од договорот што ќе се постигне или нема да се постигне на лидерската средба која премиерот Зоран Заев ја закажа за во петок зависи изборот на наследник на Катица Јанева. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мора прво да се донесе нов закон, а потоа да се избере прв човек на СЈО. Донесувањето на законот, пак, е заглавено, бидејќи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се договорот за тоа каква треба да биде судбината на предметите што се отворени по истек на оние 18 месеци кои ги дава законот за отворање на истраги.

Останувањето на Јанева на функцијата прв човек на СЈО особено се проблематизира од вчера кога таа си поднесе оставка, а час потоа, Јавното обвинителство за организиран криминал објави истрага според која Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец рекетирале познат бизнисмен, ветувајќи му, дека ако им даде пари, ќе издејствуваат негова подобра положба во случаите кои против него ги води СЈО. Во јавноста на големо се шпекулира дека Јанева е всушност обвинителот со кој Јовановски бил поврзан.

Денеска од Јавното обвинителство велат дека не можат да потврдат дали Јанева е обвинителот кој се споменува во случајот, но потврдуваат дека токму нејзиниот телефон е одземен за да се проверат контактите со Јовановски. На прашањето дали е можно истрагата да биде проширена и со други обвинители, од ОЈО велат дека зависи од тоа што ќе покажат доказите кои се прибираат.

Од СДСМ велат дека очекуваат на лидерската средба во петок да бидат договорени и следните чекори за СЈО.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека се уште не решиле дали ќе одат или не на лидерската средба, а во однос на иднината на СЈО, потенцираат дека подговтвуваат нов закон за СЈО во кој ќе има решение и за изборот на нов специјален јавен обвинител.

– Законското решение се работи, очекуваме скоро да го презентираме на јавноста. Катица Јанева и до сега немаше легитимитет да го води СЈО, а актуелниот случај покажа што може да се случи кога СЈО е надвор од системот и не одговара никому – велат од најголемата опозициска партија.

Опозицијата очекува за целокупната работа на СЈО да се направи детална истрага.

Согласно актуелниот Закон за СЈО, првиот човек на оваа институтција го избира Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието. Предлогот Собранието го гласа со двотретинско мнозинство по договор на четирите најголеми политички партии. Дали и во новиот закон ќе остане истиот начин на избор, засега не се знае.

Димитров: Прашањето за статусот на СЈО мора да се затвори за да добиеме датум во октомври

 

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар