Пауза на лидерската средба: Преговорите се уште тапкаат во место – Слободен печат
ВестиМакедонија

Пауза на лидерската средба: Преговорите се уште тапкаат во место

Главна цел им е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред правосудството.

Преговорите помеѓу лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови се во ќорсокак.

Како што велат опозициски извори, претставниците на власта во вечерашните разговори со нивните ставови ги враќаат преговорите на почетни позиции.

Главна цел на опозицијата според извори од владејачкиот преговарачки тим е предметите од СЈО да не продолжат, односно обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ да не одговараат пред правосудството. Постојано ја враќаат таа тема за дискусија. За власта тоа е завршено прашање бидејќи со предавањето на предметите од СЈО кај ЈО, сега предметите на СЈО никако не зависат од политичарите. Предметите зависат исклучиво од независна правосудна институција предводена од Јовески.

Во моментов преговарачките тимови користат пауза. Неофицијално можно е преговорите да траат длабоко во ноќта.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close