Нема напредок во француската позиција за преговори со Македонија

Вчерашниот состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не донесе напредок во позицијата на Франција за почеток на преговори со Македонија и Албанија, велат француски дипломатски извори за МИА.

– Не очекуваме да има поместување најрано до самиот министерски состанок во вторник во Луксембург, ништо не е сменето во однос на минатата недела, одлуката треба да ја донесе претседателот Емануел Макрон, објаснуваат за МИА дипломати присутни на вчерашниот амбасадорски состанок.

Дипломатите не ја потврдуваат информацијата дека Франција „не е оптимист” за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, како што пренесоа некои француски медиуми.

– Не можеме да потврдиме таква информација бидејќи едноставно Франција за сега нема став, оттука не може да се каже дали е оптимист или не.

Прочитајте и...  Повторно нов случај на коронавирус во Дебар

Според високи владини извори од земја членка на ЕУ кои биле во контакт со француската влада, „на Макрон не му пречи да биде изолиран по ова прашање во ЕУ”.

Преговорите помеѓу земјите членки на ЕУ сѐ повеќе се фокусирани на одвојување на Албанија и Северна Македонија, посебно по ставот на холандската Влада и условите поставени од страна на Германија. Останува дека низа земји во ЕУ и натаму инсистираат двете земји да одат во пакет, од различни причини.

За некои земји членки проблематично е одвојувањето на Албанија „поради тоа што ќе се создаде перцепција дека се изолираат од преговарачкиот процес земји со мнозинско муслиманско население”, додека други сметаат дека во прашање е регионалната стабилност и стравуваат дека Тирана би „влијаела негативно” во дијалогот Приштина – Белград ако биде блокирана.

Прочитајте и...  Османи: Погледнете како за 30 минути се пренесува вирусот на заеднички ручек или вечера (ВИДЕО)

– Иако на некои земји не им се допаѓа одвојувањето, доколку Франција застане зад таа позиција, најверојатно ќе прифатат, подобро една отколку ниедна земја да започне преговори, како и да е сѐ ќе зависи од Макрон – објаснува висок дипломат од земја членка на ЕУ за МИА.

Позицијата на холандската Влада во секој случај ги охрабри поддржувачите на проширувањето, но сѐ уште не е сигурно дека одлука ќе биде донесена во вторник. Зависно од динамиката на разговорите на министерскиот состанок во Луксембург ќе се знае дали е потребно да им се остави крајната одлука на шефовите на држави и влади на Самитот, кој ќе се одржи два дена подоцна во Брисел.

Прочитајте и...  Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Прочитај повеќе

Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Слободен печат

Кина пријави три нови увезени случаи на Ковид-19

Слободен печат

Хаос во Мексико: Приведени полицајци за смртта на млад човек во полициски притвор (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Ако не престане да биде политичка организација, Болсонаро се закани дека Бразил ќе го напушти СЗО

Слободен печат

Парли: Француските вооружени сили го убија шефот на Ал Каеда во северна Африка

Слободен печат

Трудо на протест против расизмот, клекна во знак на солидарност

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Фејсбук започна да ги означува страниците создадени од кинески и руски државни медиуми

Слободен печат

Ахмети посака Албанец за премиер, СДСМ порача дека со овој услов ДУИ нема да бидат дел од владината коалиција

Слободен печат

Активни 1.009 случаи на коронавирус во земјава, очекувањата се вториот бран кратко да трае

Слободен печат

Втор ден карантин за четири града, Филипче повика граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита

Слободен печат

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Слободен печат

Променливо облачно време со повремен дожд, температура до 24 степени

Слободен печат