Нема намалување на инфекциите кај западните соседи: Албанија досега вакцинира 5.891 лица, денеска 1.184 нови случаи

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во Албанија непречено се одвива вакцинацијата против ковид-19 со која, освен здравствените работници, персоналот и лицата сместени во домовите за стари и изнемоштени лица, од денеска се опфатени и повозрасните лица според одредени критеруми.

–  Во текот на денот се вакцинирани 822 лица, а вкупно досега се имунизирани 5.891 лице од кои најмалку 500 ја имаат примено и втората доза. Денеска се вакцинирани дваесеттина познати личности од културата и политичкиот живот на над 80-годишна возраст, меѓу нив и поранешниот претседател Алфред Мојсиу, поранешниот премиер Александар Мекси, актери и режисери. Со вакцинација од денеска се опфаќаат и лица на 90-годишна возраст и повозрасни, по предлог на матичните лекари, информира Огерта Манастирлиу, министерка за здравство.

Во меѓувреме, во земјата не стивнува заразата од која овој месец во просек дневно се дијагностицирани по околу 1.100 нови случаи. Според Министерството за здравство, во изминатото дененоќие од направените 4.013 тестови е добиен позитивен резултат за 1.184 лица, што е нов негативен рекорд.

Истовремено во списокот на оздравени се впишани 796 пациенти, а починале 13 на возраст меѓу 48 и 81 година.

Во четирите ковид болници во Тирана и двете регионални болници во Драч и во Скадар, се хоспитализирани 632 пациента од нив 40 на интензивна терапија, додека 14 се интубирани.

Досега во земјата се направени 440.490 тестирања, позитивен резултат е добиен кај 100.246, оздравеа 63.329, активни случаи има 35.251, додека вкупниот број на починати е 1.666 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот