Нема мир во Алепо: Дожд од ракети усмрти најмалку седум цивили, 30 повредени

Фото: Профимедиа

Најмалку седум цивили се загинати во ракетен напад врз сирискиот град Алепо, кој во моментов е под контрола на сириската Влада, јави државната телевизија во земјата.

Во извештајот се наведува дека во нападот кој го извршиле терористички групи се повредени 30 луѓе. Државните медиуми јавија дека бројни ракети паднале во пет различни окрузи во на Алепо.

Од Сириската опсерваторија за човекови права за AFP изјавија дека една ракета која е истрелана од западниот дел на Алепо погодила автомобил во местото Салахедин, убивајќи ги четирите лица кои биле во возилото.

Директорот на Опсерваторијата Рами Абделрахман изјави дека бројката на жртви би можела да порасне, бидејќи уште неколку лица се потешко ранети.

Силите кои се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад ја преземаа контролата над Алепо на крајот од 2016 година, по офанзивата против бунтовниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот