Нема мајмунски сипаници мигрантот хоспитализиран на Инфективна клиника

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија (25)
Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Еден од мигрантите кои вчера беа повредени во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје бидејќи бил суспектен на мајмунски сипаници.

Мигрантот, како што информираат од Клиниката за инфективни болести, е тестиран и е негативен.

Во вчерашната сообраќајна несреќа беа повредени 35 мигранти кои се превезувале со камион Сканија кој излета од патот. Две лица со потешки повреди се испратени во Скопје. Едното од нив е задржано, а другиот е вратен на хируршкото оделение во гевгелиската болница.

За првиот пациент од Кичево, кој покажал симптоми на мајмунски сипаници, сè уште се чекаат резултатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот