Нема лабаво со Чави, на ѕвезда на Барселона му го откажа гостувањето на телевизија

Чави воведе војничка дисциплина во соблекувалната на Барселона/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Легендарниот Чави Ернандез се врати во Барселона по шест години и веднаш се наметна како авторитет иако со одредени фудбалери во минатото ја делеше соблекувалната како соиграч.

Шпанските медиуми веднаш по неговото доаѓање на клупата на каталонскиот тим објавија дека планира да воведе војнички режим во соблекувалната, и не погрешија, а тоа на своја кожа го почувствува неговиот поранешен соиграч Жерар Пике.

Имено, шпанските новинари потврдија дека договореното интервју со Пике кое требаше да биде емитувано за време на наредната недела е откажано на инсистирање на Чави.

Чави со овој потег веднаш стави до знаење дека без разлика на статусот на одредени фудбалери, тие мора да ги почитуваат неговите правила и одлуки и треба да мислат само на Барселона и на тоа како да излезат од кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот