Нема лабаво: Кривични пријави за тие што не седат дома

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во билтенот на полициските одделенија од Гевгелија, Струмица и Радовиш забележани се низа прекршувања на полицискиот час кој за сите граѓани на државава важи од секој работен ден од 21 часот до 6 часот наутро, а викендов од 16 часот попладне.

Полицијата поднесе кривични пријави против 9 лица за непочитување на мерките за самоизолација, и кривични против 30 лица заради прекршување на полицискиот час. Пријавите се однесуваат на периодот од 20 до 28 март година на лица од радовишкиот, гевгелискиот, валандовскиот и струмичкиот регион.

Полициски службеници од ОВР Радовиш во текот на извршените контроли од 20 до 22 март во нивните домови не ги пронајдоа М.Т.(44) од Радовиш, Р.К. (23) од с.Подареш, како и Ф.Ј.(43) и П.Ј.(19) од истото село. Тие се осомничени за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, објави МВР во денешниот билтен.

На 25 овој месец во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека В.В.(60) од Радовиш иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки, па исто така заработи кривична пријава за прекршување на самоизолацијата.

Гевгелиската полиција поднесе кривични пријави против  В.Г.(39) и Т.Т.(53) од Гевгелија, С.М.(52) од Богданци, Ѓ.Н.(36) од с.Мрзенци, гевгелиско, зошто при проверка на 25 март,  констатирале дека пријавените ја прекршиле изјава за самоизолација од 14 дена.

Во билтенот на полициските одделенија од Гевгелија, Струмица и Радовиш забележани се низа прекршувања на полицискиот час кој за сите граѓани на државава важи секој работен ден од 21 часот до 6 часот наутро, а викендов од 16 часот попладне од 5 часот.

Прекршувањата на полицискиот час во источниот дел од државава се однесуваат на периодот од 23 до 28 март кога се забележани околу 20 лица против полицијата веќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Полицискиот час во истиот период го прекршиле и четворица велешани, двајца битолчани и двајца прилепчани, кои среде ноќ биле затекнати како возат кон бензинска пумпа, објави МВР.

Исто така Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против  Ј.Д.(30) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тој  на 25. овој месец во 01.10 часот кај Градска порта, на влезот на Неготино, е запрен од страна на полициски службеници додека управувал патничко возило „цитроен“, во кое сопатник бил 15- годишник од Кавадарци, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот