Нема криза за Биелса, Алиоски и Лидс тренираат секој ден!?

фото:твитер

Очигледно ништи не менувал во своите планови и порак пандемијата на коронавирусот и редовно ги одработува тренинзите со екипата.

Како што пренесуваат британските медиуми, менаџерот на англискиот второлигаш Лидс јунајтед, Марсело Биелса уште еднаш ја изненади јавноста и го оправда својот прекар – „Лудак“.

Очигледно ништи не менувал во своите планови и порак пандемијата на коронавирусот и редовно ги одработува тренинзите со екипата.

Како и сите фудбалски лиги во Англија, така и натпреварувањет во Чемпионшип поради епидемијата на коронавирусот е во прекин.

Додека голем број на клубови ги намалија и прекинаа активностите, Аргентинецот не им даде ниту еден слободен ден на своите играчи.

Лидс моментно е првопласиран во Чемпионшип со еден бод повеќе од Вест Бромвич и засега е на добар пат кон учество во Премиер лигата.

Во тимот се наоѓа и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој сезонава има досега 30 настапи и четири погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот