Нема крај на проблемите на Голден Стејт (ВИДЕО)

twitter.com/ClutchPointsApp

Екипата од Канада Торонто Репторс успеа да ја освои титулата шампион, за прв пат во својата клупска историја.

Им нема крај на проблемите на Голден Стејт, покрај Дурант, уште една голема ѕвезда во тимот по се изгледа ќе има долга пауза од терените.

Трикратниот НБА првак Томпсон (29) беше фаулиран во третата четвртина кога го повреди коленото.

Сите беа загрижени околу неговата состојба, принудно мораше да го напушти теренот, иако по извесно време се врати на паркетот и за момент ги израдува своите навивачи.

После дуелот, неговиот менаџер Грег Лоренс за „ЕСПН“ информираше дека играчот ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено и според првите проценки му следува пауза до март 2020 година.

Во финалната серија Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој доби повреда на Ахиловата тетива во петтиот натпревар.

Како што соопшти тренерот на „воините“, Стив Кер се очекува Дурант да ја пропушти следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот