„Нема крај“ на музичките новитети од Александар Тарабунов – Летен хит кој ќе ве освои на прво слушање (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Пејачот Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци принудна пауза и музичка илегала поради новонастанатата ситуација со пандемијата со коронавирус конечно со нов сингл и видео запис.

Станува збор за темата „Нема крај“ која својата официјална премиера ја имаше денес, а е негово лично авторско дело и го означува стартот на неговата кариера како кантавтор.

– Времето поминато во карантин го искористив за да творам. Направив мало студио во својот дом, се посветив на музицирање, а прв производ од мојата „музичка кујна“ е токму „Нема крај“. Aранжманот го сработив заедно со Роберт Билбилов кој му даде светски призвук на рефренот и целосно ја среди продукцијата, додека, пак, текстот е заедничко дело на мене и Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот“, откри Тарабунов.

Кадрите за видеото се снимени на две локации – Скопје и Преспа, а спотот изгледа како филм. Покрај Тара во дел од кадрите се појавува и манекенката Сара Дојчиноска.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот