Нема корона кога се слави изборна победа

Колаж: СП / Фото: Принтскрин

Додека регионот се соочува со фрапантни нови случаи на заразени и починати од коронавирусот, во земјава ковид-мерките, особено на прославите по градоначалничките победи, како да не постојат. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од дискотеки и ноќни клубови во кои се слави за викендите и каде се собрани огромен број на луѓе. Се пее, се лумпува, маска не може да се забележи, а дистанцата е мисловна именка.

Државниот пазарен инспекторат очигледно не може да постигне да воспостави ред. Од донесувањето на мерките на 16 август до крајот на септември, овој орган утврдил неправилности само кај 8 објекти, од кои 5 во Скопје, еден во Гостивар и два во Тетово, за што се донесени решенија за привремена забрана за вршење на дејност и истите се затворени. Издадени се прекршочни платни налози за наплата на глоба во вкупен износ од 4.750 евра за одговорно лице, 13 илјади евра за правно лице и 500 евра за физички лица.

Од први октомври донесени се 15 решенија според Законот за заштита на населението од заразни болести. На 2 октомври затворен е објект во Гостивар, на 6 октомври издаден е платен налог од 750 евра. Во октомври имало 3.539 контроли од државниот пазарен инспекторат.

„Изминатиот период освен на угостителски објекти, се вршат контроли и на обложувалници, молови и други дејности опфатени со мерките на владата. Се вршат проверки на оранизирани прослави, свадби и слично. Тоа значи дека контролите и инспекциските надзори се вршат по сите основи наведени во протоколите и мерките вклучувајќи ги и сертификатите, постоење на редари и слично и решенијата кои се донесени и преземените мерки се и по тие основи” велат од ДПИ за Слободен печат.

Оттаму уверуваат дека работат по однапред утврден план и никогаш не запреле со работа, ниту кога имаше карантин за сите, ниту кога имаше други ограничувања.

„Се работи за празници, во викенди па и во периодот на изборите нашата работа е континуирана”, велат оттаму.

ВИДЕО: Стевчо Јакимовски со екипата славеше со хитот на „Куку леле“ во познат скопски локал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот